еМагазин
Image default
Бизнис

Започна изградбата на фабриката Саген, прва инвестиција од Албанија

Денеска во ТИРЗ Скопје 1, започна изградба на фабриката Саген, која е првата странска инвестиција од Албанија, а сопственик е Исуф Бербери.

Станува збор за инвестиција од фармацевтската индустрија која што ќе произведува инфузиони раствори и генерички лекови со најсофистицирана технологија за производство.

Првичната инвестиција ќе изнесува 6,5 милиони евра и ќе отвори 53 нови работни места, а според бизнис планот на компанијата се очекува вкупната инвестиција да достигне 20 милиони евра со вкупен број на вработени од 300 лица.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

Продаден блок акции од НЛБ Банка за 292.000 евра

Редакција

Во блок-трансакција продадени 2.935 акции од велешки „Ветекс“

Редакција