еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Започна собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјата

Државниот завод за статистика, во партнерство со УНИЦЕФ и УНФПА, викендов започнува со собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјава, во рамките на една од најголемите меѓународни програми за истражување во домаќинствата, шестата серија на Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), што е поддржано од УНИЦЕФ во светски рамки.

„Ги повикуваме сите домаќинства да ги отворат вратите на нашите анкетари, бидејќи со овие податоци земјата и понатаму ќе развива политики и насочени интервенции што се потпираатна информации со цел да се подобри состојбата на жените и децата во земјата,“ рече  Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

МИКС е сеопфатен извор на податоци за жени и деца, со кој се обезбедуваат споредливи показатели за исхрана, рани бракови, детски труд, функционалност на децата и возрасните (попречености), ран детски развој, образование и другите сфери што влијаат на благосостојбата на децата.

Единствен е бидејќи со него се обезбедуваат споредливи и расчленети податоци со кои земјите ги идентификуваат јазовите во правичност и ги идентификуваат конкретните групи што се изоставени.

„Како што проблемите кои не се проценети остануваат нерешени, така постои ризик да се изостават децата кои не се изброени. Информациите се неопходни за надминување на јазови во податоци, за полесно донесување одлуки врз основа на докази, и за поттик на актуелните реформи во земјата и реформите кои се во тек. Со нив треба да се постигне и трансформација – неповратни промени за подобро утре на сите деца и жени во земјата“, рече претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.

Собирањето податоци ќе се врши од 16 ноември 2018 до март 2019 година во 6.240 домаќинства во земјата одбрани по случаен примерок. Методологијата подразбира интервјуа лице во лице што ќе ги вршат обучени анкетари.

Последното истражување за МИКС во земјата се спроведе со поддршка на УНИЦЕФ во 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек е трансплантација на срце и бубрези од 42-годишна пациентка, чијашто последна желба била да ги донира органите

Редакција

(Фото) 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје: Девојчето Гудвин Мец од Германија целата заштеда во касичка ја испрати за настраданите

Редакција

Почина Душко Миновски, првиот претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција