еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започнува наградната игра на Охридска банка и Visa „Визарата може се“: Suzuki Swift и 10 електрични тротинети дел од наградниот фонд

Охридска банка АД Скопје го проширува своето портфолио на производи со воведување на новата кредитна картичка од брендот Visa, наречена Визарата.

Со воведувањето на картичката, Банката ја почнува и новата наградна игра „Визарата може сè“. Наградната игра е наменета за сите клиенти кои ќе аплицираат за Визарата во следниот период.

Па така, во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година додека трае наградната игра, основниот услов за учество во неа е клиентите да направат минимум 10 (десет) трансакции со Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум 1 (една) трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата дава можност за тројна шанса за освојување на награда, а еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда.

Клиентите кои ќе ги исполнат условите стануваат потенцијален добитник за хибридно возило Suzuki Swift, или пак на еден од десетте тротинети од брендот Mi. Во оваа наградна игра можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се корисници на една од кредитните картички издадени од Охридска банка од брендот Visa, а кои ќе аплицираат и ќе ја извадат новата Визарата кредитна картичка, како и сите оние кои во моментот немаат Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка, а ќе аплицираат и ќе ја извадат новата кредитна картичка Визарата.

Валидни трансакции кои се земаат во предвид за исполнување на условите од наградната игра се трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку Интернет, на територијата на државата.

Во наградната игра не учествуваат вработените од Банката и нивните најблиски семејства како и корисниците на картички кои на денот на извлекување на наградата имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Банката кои произлегуваат од користењето на кредитни картички и кои имаат нефункционален долг (долг кој е достасан, а неподмирен повеќе од 90 дена).

Извлекувањето на добитниците ќе биде изршено по завршување на наградната игра, во просториите на Банката на ул. Орце Николов бр. 54, во присуство на претставници од Банката и нотар. Добитниците на награди ќе бидат објавени на веб страницата на Банката. Аплицирањето за Визарата може да се направи електронски, преку веб страницата на Банката, или пак во било која експозитура на Охридска банка.

Визарата е нова кредитна картичка од брендот Visa која ја издава Охридска банка и истата на клиентите им овозможува плаќање на рати без камата во земјата, во странство и преку Интернет.

Сите трансакции над 2.000 мкд направени во трговија се делат на однапред дефиниран број на рати кој зависи од износот на трансакцијата. Клиентите за овие трансакции не плаќаат камата, туку единствениот трошок е еднократна провизија која исто така се дели на бројот на рати на кој е поделена и трансакцијата.

Повеќе информации за Наградната игра игра „Визарата може сè“, како и за новата кредитна картичка Визарата може да прочитате на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потег за почит: Бесплатна реклама на time.mk за микро и мали претпријатија кои доставуваат храна и лекови

Редакција

НЛБ Банка АД Скопје добитник на Националната награда за општествена одговорност за 2018 година

Редакција

(Галерија) Кои се пожарникарите кои Пендаровски ги одликуваше со „Медал за храброст“

Редакција