еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започнува со изградба првиот Ритеил парк во Куманово

По пример на европските градови, втор Retail Park во нашата држава до крајот на годината ќе добие Куманово. Eсклузивен застпник за изнјмување е домашната компанија Cushman and Wakefield/Fortonmka.

Паркот се наоѓа покрај автопатот Е-75, на влез-излез од Куманово, на местото на некогашната Винарија. Позциониран е на идеална локација наспроти влезот во Куманово кај бензинската пумпа.

Локацијата му овозможува да биде достапен за локалното население, како и за патниците кон северниот и јужниот сосед.

На површина од 35.000 м2 купувачите ќе ги сретнат веќе познатите модни брендови, хипермаркет, трговски ланци за уреди за домаќинство и продавници за покуќнина и мебел. Закуп на продажен простор веќе потврдија добро познатите брендови, а интересот за паркот е одличен.

За целосно заокружен комфорт при купувањето, малпродажниот комплекс ќе има свој сопствен паркинг простор за автомобили и автобуси, со лесна пристапност и движеење при пристигнување и заминување.

„Овој проект е oдговор на барањето на жителите на Куманово и околината за модерен простор за пазарување, со најбараните брендови организирани во една целина„ изјави Катарина Николов, раководител на секторот за малопродажба во Cushman and Wakefield/Fortonmka.

Retail паркот е инвестиција на локална компанија „Топ драјвер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

Редакција

НЛБ Галерија: Oтворена изложба во чест на словенечкиот архитект Грабријан по повод 30-годишнината од меѓудржавните односи на Словенија и Македонија

Редакција

Промовирано второ издание на книгата „Буниште од емоции“

Редакција