еМагазин
Image default
Техно

Запознајте ја ИТ компанијата во која би посакале да работите: „Symphony“ пристигнува во Скопје

По успешното градење заедници во Сараево, Белград и Нови Сад, „Symphony“ ја носи својата уникатна култура во Скопје. „Symphony“ е меѓународна компанија за софтверско инженерство која се раководи со мислата дека заедницата го поттикнува развојот на иновациите. Со поддршка од силни деловни канцеларии во Сан Франциско, Амстердам и Берлин,„Symphony“ има за цел да донесе дел од најпредизвикувачките проекти за локалните ИТ заедници.

„Го забележавме огромниот потенцијал на луѓето во овој регион. Честопати разговаравме дека треба да им дадеме можност да работат на предизвици со некои од најинспиративните луѓе во светот. Во последните неколку години имавме можност да работиме со некои од најдобрите инженери кои претходно биле ангажирани од Apple, Google и Amazon, и дојдовме до заклучок дека нашите инженери работат со подеднакво ниво на квалитет како и тие.

Оваа идеја кај нас се појави сосема природно и затоа решивме  да го изградиме нашиот хаб прво во Белград, потоа во Нови Сад, а сега се фокусираме на Скопје. Но, нема да застанеме тука”, вели главниот извршен директор и основач на „Symphony“, Харис Мемиќ за неговата одлука за изградба на хаб во Скопје.

Игор Николовски, кој раководи со канцеларијата на „Symphony“ во Скопје вели дека во овој момент петнаесеттина лица работат во „Symphony“ – Скопје.

„Тие се талентирани и амбициозни, и колку што тие учат од „Symphony“ и ние учиме од нив. Најдоброто е што тие веќе работат на свои проекти и подеднакво учествуваат во правењето промени со остатокот од тимот на „Symphony“. Горди сме на фактот дека предизвикавме интерес во Скопје и се надеваме дека ќе го прошириме нашиот тим во блиска иднина”, додава Николовски.

„Symphony“ ја негува културата посветена на вработување на најдобрите инженери за заедничко постигнување на врвни резултати. За да успеат во оваа мисија, тие се фокусирани во обезбедување на средина која ги зголемува перформансите и продуктивноста на луѓето на највисоко ниво и служи како центар за соработка што ќе овозможи слободно создавање идеи и решавање на проблеми од сите нивоа.

Во „Symphony“ – Скопје, ИТ инженерите ќе имаат можност да работат во развоен центар изработен според нивните потреби, со свој личен готвач кој ќе биде одговорен за подготовка на свежи и здрави оброци секој ден, соба за релаксација, соба за рекреација и голема тераса со воодушевувачки поглед на градот Скопје.

„Symphony“ – Скопје е во потрага по млади умови кои се подготвени да направат промена заедно со својот тим, затоа, отворете ја нивната веб-страница www.symphony.is и искористете ја можноста да се приклучите на најкул заедницата во Скопје.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung го претстави новиот 2020 QLED 8K flagship телевизор на европскиот пазар

Редакција

Нова мобилна апликација „TitanUp” – модерна и ефикасна услуга за купувачите на УСЈЕ

Редакција

Отворен нов А1 продажен салон во „Капитол Мол”: Неповторливи дополнителни попусти за уреди и подароци за посетителите

Редакција