еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Запознајте ја сопругата на Мицотакис, новиот грчки премиер

Во фокусот на грчките медиуми, како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун се најде и сопругата на новиот грчки премиер, Киријакос Мицитакис, Марева Грабовски Мицотакис.

Таа има потекло од Грција, Египет и Полска.

Родена е во Атина, во 1967 година. Татко и бил Полјак, а мајка и Гркиња.

Стекнала импресивно образование на универзитети во Бостон, Колумбија и Харвард, каде и го запознала својот иден сопруг во 1995 година.

„Се запознавме преку грчки пријатели на Хравард. Најпрво станавме пријатели…“, рече во интервју неодамна Мицотакис.

Во брак стапиле во 1997 година, а имаат три деца.

Грабовски Мицотакис зборува англиски, француски и турски јазик, а денеска е успешен претприемач. Таа е ко-основач и управител во фирмата Zeus+Dione.

Дванаесет години работела во областа на инвестициско банкарство и управување со средства во Дојче банк.

Претходно ги основала фирмите MG Capital Advisors S.A., советодавна фирма фокусирана на советување на корпоративни и приватни клиенти во управувањето со портфолија и Eternia Capital, компанија за управување со средства која се фокусира на инвестиции во хеџ фондови.

Фото: AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Њујорк тајмс“: Вакцинацијата во ЕУ е во целосна збрка

Редакција

Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик Ток“

Редакција

(ВИДЕО) Марио Драги е новиот премиер на Италија

Редакција