еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Елизабета Постоловска

Подготовките за престојните предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 12. април се во полн ек.

еМагазин во серијал ќе Ве запознае со членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Која е Елизабета Постоловска

Постоловска е член на ДИК од јули 2018 година.

Во периодот од октомври 2007 до октомври 2010 година работи во Адвокатската канцеларија “Среќко Младеновски” во Куманово како адвокат приправник.

Од март 2011 до мај 2011 година работи во Адвокатската канцеларија “Бранко Кузмановски“ во Скопје како стручен соработник.

Од ноември 2012 година до денес е член на Комисијата за денационализација за Општини Центар, Гази Баба и Карпош при Министерство за финансии.

Од септември 2011 година до денес е советник за управна постапка во Управата за имотно правни работи, Подрачно одделение Центар при Министерството за финансии.

Од септември 2013 до ноември 2017 година е овластен потписник во Управата за имотно правни работи, Подрачно одделение Куманово при Министерство за финансии.

Од ноември 2017 до денес е овластен потписник во Управата за имотно правни работи, Подрачно одделение Карпош при Министерство за финансии.

Политичка кариера

Од мај 2011 до јули 2011 година е дел од помошното тело на ДИК.

Од август 2011 до октомври 2011 година е во секретиријат на ДИК.

Од мај 2016 година  до денес е секретар во Општинска Изборна Комисија Куманово.

Образование

Таа е дипломиран правник на Правниот факултет ”Јустинијан I “ во Скопје. Дипломирала со просек од 8,91.

Во февруари 2011 година го положила Правосудниот испит.

Завршила и Постдипломски студии по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје со просек 10.

Зборува англиски и албански јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Јанаќе Витановски

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Дитмире Шеху

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Оливер Деркоски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бура од реакции на социјалните мрежи за намалувањето на казната на велешанецот кој пијан усмрти 11-годишно девојче и избега

Редакција

Пратениците нема поединечно да добиваат средства од буџетот за референдумската кампања

Редакција

Нови 127 случаи на Ковид-19 од 1.908 тестови

Редакција