еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Радица Ристеска

Подготовките за престојните предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 12. април се во полн ек.

еМагазин во серијал ќе Ве запознае со членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Која е Радица Ристеска

Ристеска е член на ДИК од јули 2018 година.

Во периодот од 1978 до 1979 година била референт за работни односи, раководител на општо-правен сектор во ГП Слобода Охрид.

Во 1985 година била управно правен референт во Собрание на општина Охрид.

Од 1986 до 1997 година е началник на Одделението за општа управа при Министерство за правосудство и управа ПЕ Охрид.

Од 1997 до 2018 година е избрана за судија во Основниот суд во Охрид. Како судија на кривична област е се до 15.07.2018, односно до остварување на право на старосна пензија, стои во нејзината официјална биографија.

Учествувала во работата на Општинска изборна комисија (ОИК) Охрид, најпрво како началник на одделението за општа управа при избори на пратеници и при локални избори како секретар на ОИК Охрид.

Учествувала во избори и од редот на судиите, како претседател на ОИК Охрид за една изборна единица при спроведување на Парламентарните избори 1998 година и потоа исто од редот на судиите како претседател на ОИК за општина Дебрца за Локалните избори во 2005 година.

Образование

Има завршен VII/1 степен и е дипломиран правник. Дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1977 година.

Има положен правосуден испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Енвер Саљихи

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Елизабета Постоловска

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Јанаќе Витановски

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Дитмире Шеху

Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

Редакција

Почна да тече рокот за плаќање пенали на Бехтел и Енка

Редакција

Почна исплатата на финансиска помош од 3.000 денари за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза

Редакција