еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Министерот Тевдовски бил фудбалер

Во серијал, еМагазин Ве запознава со чуварите на јавните пари.

Министер за финансии, Драган Тевдовски дојде на оваа функција од Економски факултет, каде беше избран од студентите за најинспиративен професор за 2016 година.

„Ми недостигаат предавањата, како и позитивната енергија на студентите. Иако се уште сум професор на Економскиот факултет, немам онолку време колку што би сакал за да им се посветам.

Сепак верувам дека оваа наша борба е за нив. Должни сме им на младите, на студентите, да направиме систем и држава која ќе биде дел од НАТО и ЕУ и во која ќе сакаат да живеат. Затоа во министерството се трудиме да направиме промени кои ќе создадат праведен и стабилен систем на јавни финансии“, вели тој.

Драган Тевдовски е татко на три ќерки.

Вели дека не поминува доволно време со нив, но сепак секој слободен момент го резервира за таа дружба.

Се дружат со читање книги пред спиење, гледаат цртани заедно, а во слободните викенди одат на Водно или во парк.

Интересен детал од неговиот приватен живот е дека Тевдовски пред да се посвети на науката, професионално играл фудбал.

Тој настапувал и во јуниорскиот тим на македонската фудбалска репрезентација.

Вели дека за оваа позиција, му помагаат и дисциплината, посветеноста и истрајноста кои ги имаат спортистите.

Тевдовски се уште е посветен на спортот, па често го гледаме на трки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Заменик министерката Елези е родена во финансискиот центар на Европа

Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Како инспекторот Муареми стана директор на Управа за финансиска полиција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Трендафилов, директор на Управата за финанско разузнавање, фан на спортот и Леонардо Да Винчи

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Директорот на Царината, Танасоски има брат близнак и ќерки близначки

Фото: Министерство за финансии/Фејсбук/Тевдовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од групата „ОПЕК плус“ се согласија да го зголемат производството на нафта повеќе од очекуваното

Редакција

Кабинет на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Редакција

Кој е Дарко Костовски, новиот градоначалник на скопски Бутел

Редакција