еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги новите антикорупционери: Која е претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска

еМагазин стартува со нов серијал во кој ќе Ви ги преставиме новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата или во јавноста позната и како Антикорупциска комисија.

Која е Билјана Ивановска?

Ивановска е новиот претседател на Комисијата.

Родена е во Скопје во 1964 година, каде стекнува основно и средно образование.

Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, по што како приправник почнала да работи во во Собранието на РМ.

По завршување на приправничкиот стаж, работела како стручен соработник во комисиите за стопанство, образование и култура, земјоделство и шумарство и финансирање и буџет.

Во септември 1996 година почнува да работи во Министерството за финансии, каде што работи во секторот Буџет и фондови на работно место началник на Одделението за буџетско сметководство, а ги подготвува и буџетите на министерствата за образование и наука, здравство, труд и социјала земјоделство и шумарство и на Агенцијата за млади и спорт.

Од декември 2000 година се вработува во Државниот завод за ревизија (ДЗР).

„Имав среќа, чест и задоволство да го учам ревизорскиот занает од еден од најдобрите ревизори во ДЗР, и да се изградам во ревизор со личен интегритет.

Во моето 13 годишно работење во ДЗР, со целосна посветеност и професионализам заедно со мојот тим имаме направено повеќе од 60 ревизии во различни субјекти (Буџет на РМ, Јавен долг, Влада на РМ, министерства, агенции, единици на локална самоуправа, јавни претпријатија, политички партии, казнено поправни установи, здравствени установи и социјални центри), како и повеќе ревизии на успешност од областа на јавниот долг земјоделството – во делот на директните плаќања/субвенции, социјалната заштита и ресоцијализација на затворениците во КПУ.

Зад работата на мојот тим стојат наоди и препораки кои се многу значајни за нашето општество.

Индикатор за успешноста сметам дека е отсуството на приговори од страна на ревидираните субјекти и покрај бројните наоди во нивните извештаи, што се должи на професионална работа, успешно презентирање на ревизорските докази и прифаќање на наодите од нивна страна“, вели Ивановска.

Потоа станува самостоен ревизор, раководител на тим во Сектор за ревизија на програми финансирани од ИПА за земјоделие и рурален развој (Сектор за ревизија 5).

Зборува англиски јазик

Мажена е и е мајка на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар

Новите антикорупционери се уште не го пријавиле својот имот

„Одма се чуствува дека имаме Антикорупциска“: Твитер за тоа дека баџанакот на Џафери ќе ја „проверува“ Мира Дизел

Фото: Фејсбук/Ивановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста до 17 часот, 28,83%

Редакција

„Крафтинг груп“ го доби тендерот на „Македонија пат“ за материјали за обележување патишта вреден 959.000 евра

Никола Осило

Одбиена жалбата на Мијалков за притворот за „Империја“

Редакција