еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги новите антикорупционери: Шемши Сали, експерт и за боречки вештини

еМагазин стартува со нов серијал во кој ќе Ви ги преставиме новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата или во јавноста позната и како Антикорупциска комисија.

Кој е Шемши Сали?

Членот на Антикорупциска, Сали е роден во 1966 година во селото Добри дол, Општина Врапчиште.

Основно училиште завршил во родното село, а средно техничко образование во Пореч и Ровињ, Хрватска.

Тој е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот факултет, државен Универзитет Тетово, а магистрирал во областа на меѓународното право во 2013 година на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Докторирал на Правниот факултет при Универзитетот Унион, во Београд, Србија.

Правосудниот испит го положил во 2012 година.

Работел во неколку компании, како што се Електро „Cuprum“, каде бил управител, во ТД „Alba“ во Тирана, Албанија, каде бил директор, во ТД „Фриго-Ваар“, каде бил исто така директор.

Од 2008 година до неговото вработување во Антикорупциска работи во Општина Врапчиште, како раководител на Одделение за управување со човечки ресурси, како раководител на Инспекциски надзор- Инспекторат и како раководител на Сектор за правно-нормативни работи.

Интересен детал од неговата биографија е дека од 1980 до 1991 година активно тренира и се занимава со боречки вештини и има постигнато успеси во Хрватска и Косово.

Во слободно време сака да чита разновидна литература, оженет е и е татко на три деца.

Одлично зборува неколку јазици, меѓу кои и италијанскиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги новите антикорупционери: Која е претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска

Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар

Новите антикорупционери се уште не го пријавиле својот имот

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница

Редакција

Убава вест: 202 оздравени од Ковид-19

Редакција

Малолетник заработи кривична за тероризам, оти од дома испраќал дојави за бомби

Редакција