еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Запознајте го Рептил од другата страна: Посакуван работодавач на силно конкурентниот македонски пазар

Скопјани го знаат Рептил. И на сон ќе го препознаат зелениот „кроко“ што ги пречекува на влезот од маркетот, насмевката на продавачката, богатата понуда на свежи зеленчуци, месо и риба, како и вкусната храна во кујните во повеќето маркети. Знаат дека сѐ што ќе посакаат од еден маркет ќе го најдат на едно место. Можат да го испазарат и онлајн.

Но, ова е само еден дел од ликот на Рептил маркетите. Рептил е и успешна домашна компанија којашто ужива репутација и на посакуван работодавач. Имиџ што македонската компанија во изминатите 23 години трпеливо го градеше и унапредуваше, за денес да се пофали дека во својот тим има и многу вработени кои се дел од нејзината историја уште со отворање на првиот маркет.

Маркети Рептил е една од малкуте успешни приказни во сивилото на македонската приватизација.

Домашната компанија што растеше и се потврдуваше на силно конкурентниот македонски пазар и се фати во костец и со силните странски синџири на супермаркети, ги задржа и вработените (кои со новиот менаџмент) некогашните маалски самопослуги на Центро ги модернизираше во современи маркети со богата понуда на производи, бројни акции за привлекување нови потрошувачи, но и за наградување на постојните. Порасна во маркет каде вашите пари вредат повеќе.

Но, сепак она што привлекува најмногу е високо квалитетната услуга.

„Традицијата и непосредноста која ја имаше во маалските продавници е она што во Рептил маркетите се негува уште од отворање на првиот маркет на Рузвелтова во 1996-та година. До денес кога Рептил брои вкупно 15 маркети.

Горди сме што 23 години испишуваме успешна приказна и со истата динамика продолжуваме да растеме. Рептил има голем потенцијал за раст и поради лојалноста и поради посветеноста на вработените. Особини што менаџментот ги цени и наградува“, вели Даница Личанин Блажевска, сопственик на Рептил.

Она што Рептил го прави различен и единствен на домашниот пазар се топлата и искрена услуга за секој потрошувач, како и односот на персоналот чиј приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарењето.

Нивната посветеност е одраз и на стратегијата на Рептил да се докаже како работодавач кој се грижи сите вработени да имаат позитивна работна средина и развој во кариерата.

„Двапати годишно организираме настани на кои ги наградуваме најдобрите маркети и вработени. Редовно организираме едукации и обуки со внатрешни и надворешни предавачи и на тимот на Рептил гледаме како на едно големо семејство, кое секогаш дава поддршка и на нововработените преку процес на учење, но и преку колегите за побрзо да се вклучат во нашата средина.

Грижата за вработените во сите аспекти од животот и искрениот пристап овозможуваат вработените да се чувствуваат сигурни и да знаат дека ќе имаат поддршка секогаш кога им е потребна. Тоа овозможува побрзо да се адаптираат и вклучат во работата, односно да бидат и попродуктивни и да напредуваат“, додава Личанин Блажевска.

Значи тоа е и тајната на Рептил – вработените секогаш да бидат услужливи и пријатни а муштериите секогаш задоволни. Според сопственичката, дел од тајната е токму во визионерството на менаџментот кој, тргнувајќи од најхуманата човечка особина – грижа за другиот – создаде култура каде вработените се на прво место, затоа што задоволните и среќни вработени ќе овозможат совршена услуга и задоволни клиенти.

Вработените се силно мотивирани затоа што знаат дека трудот се наградува на секои 6 месеци и се трудат да бидат меѓу најдобрите продавачи и раководители. Не кријат дека Рептил ги стимулира и со унапредување и вложување во обуки за оние кои покажуваат особен интерес и проактивност во работата.

Затоа во Рептил ќе сретнете вработен со стаж подолг од 10 години, кој во себе го носи истиот жар и ентузијазам како првиот ден кога почнал со работа. Затоа и самите вработени велат дека Рептил е големо семејство. Семејство во кое имаа над 300 вработени и десетици илјадници потрошувачи.

Само Рептил клубот брои над 20.000 членови, бројка која секојдневно расте благодарение на услугата и ангажманот на сите во Рептил кои работат на остварување на визијата – Рептил да бидат маркети со најдобра услуга во градот.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Неформалната вечера на балканските лидери во Брисел без многу детали за јавноста

Редакција

Градежниот институт „Македонија“ сака да ја преземе „Фабрика Карпош“

Редакција

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, ќе има ли поскапувања?

Редакција