еМагазин
Image default
Локално

Заработија кривични пријави откако и отвориле лажен фејсбук-профил на охриѓанка

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39) двајцата од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”, информира МВР.

Пријавените, на 05 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи. Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Facebook.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуденик се обидел да побегне од Идризово, физички нападнал вработен

Редакција

Тетовец приведен поради физички напад врз 18-годишната ќерка

Редакција

Скопјанец пријавил кражба на 11.000 евра од автомобил

Редакција