еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зарем има некој што верува дека ВМРО-ДПМНЕ навистина ќе го поништи Договорот од Преспа?

Како што наближуваат предвремените парламентарни избори се повеќе се разгорува темата околу прашањето за иднината на Договорот од Преспа, со кој Македонија си го смени името и стана Северна Македонија и кој реално не им се допаѓа ниту на Македонците, ниту на Грците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се обиделе да го ревидираат Договорот ако обезбедиле двотретинско мнозинство, ама не кажуваат како, а СДСМ пак го бранат истиот и велат дека без него нема иднина.

И во тоа нема ама баш никакво изненадување. Нашите политички партии се ептен предвидливи.

Истата приказна беше и во Грција пред тамошните избори. По изборите, новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, кој во врска со Договорот од Преспа и „неговата штетност“, беше многу погласен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си седна на брашното.

Не дека не знаеше дека ова е завршена работа, како што знае и Мицкоски.

Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да го поништи, ревидира, укине или незнам што овој Договор, кој доби голема меѓународна подршка, едноставно нема да може да го направи тоа, зошто прво и основно нема да добие подршка од ниту една партија на албанските граѓани. А без нив нема ништо.

Мицкоски и ова го знае.

Тој знае и дека без овој Договор, каков што е, и без решение за името Македонија, нема ни НАТО, ни ЕУ. Тоа веќе и врапчињата што летат низ Македонија го знаат. Не мора Зоран Заев да ни кажува.

А и да не заборавиме. Јавна тајна е вистинската улога на меѓународната заедница во креирањето на македонските политики, и на оваа, на сите претходни, но и на идните влади.

Зарем има некој што верува дека меѓународната заедница ќе дозволи некој да си игра со нивното „ремек-дело“, колку и да на нас не ни се допаѓа истото?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и топло време, од утре со пороен дожд и грмежи

Редакција

Починаа девет нови лица од Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 460

Редакција

Сите заедно за Леонид да може повторно да застане на нозе и да ги повторува успесите на NASA Space Apps Challenge

Редакција