еМагазин
Image default
Македонија

Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот, велат од Светска банка за „Дојче веле“

Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле, по пожарот во модуларната болница кој однесе 14 човечки животи.

„Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави „План за заштита од пожари“ на почетокот на работата на објектот“, објаснува за ДВ претставник на Светска банка.

Тој план требало „да се изработи и спроведе од назначениот болнички персонал под одговорност на директорот на болницата“, дополнуваат оттаму.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седма жртва од корона вирусот: Почина 79-годишен пациент од Дебар

Редакција

Браќата Усеини добија уште 30 дена притвор, за да не избегаат

Редакција

Садик Сулејмани кандидат на Алијанса за Албанците за градоначалник на Боговиње

Редакција