еМагазин
Image default
Македонија

Затекнатите 114 лица може да го напуштат Дебар

Лицата кои се затекнаа во Дебар, на денот на прогласувањето на кризната состојба, поради коронавирсот, од денеска може да ги напуштат капацитетите на „Дебарски Бањи-Цапа“, каде и престојуваа во изминатите 14 дена, информираше градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој во исто време раководи и со Општинскиот оперативен штаб.

Според него македонските државјани веднаш си заминуваат, додека странските ќе ја напуштат земјата според предвиден протокол.

Инаку, во хотелот во Бањиште беа сместени 114 лица од неколку градови на земјава, пред се од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска.

Дука информираше и за безбедносната сосотојба, која ја оцени како добра, додавајќи дека не се регистрирани никакви прекршувања.

Во општина Дебар до денес со коронаврусот дијагностицирани се 43 лица (две починати), додека 208 лица се во домашна изолација, кои, според Дука, постојано се посетуваат од припадниците на МВР, со цел да се контролира колку ја почитуваат мерката да не излегуваат од нивните домови.

Упати апел до граѓаните да не создаваат гужви во маркетите, како и пред објектите каде се дели хуманитарна помош, задолжително да одржуваат социјална дистанца и да носат заштитни средства, маска и ракавици.

Информираше и за донацијата на Компанијата „Кнауф“ за дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“, која се состои од 30-сет комплети ХТЗ опрема, односно чизми, ракавици, маски и ПВЦ облека.

Тој искажа длабоко сочувство до семејството на вчера починатата пациентка, 66-годишната жителка од селото Баланци, општина Центар Жупа, која заедно со нејзинот сопруг беа првозаразените со овој опасен врус. Болеста им беше дијагностицирана по враќањето од Бреша, Италија.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентот од Тетово заболен од корона вирусот се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле

Уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за корона вирусот, капацитетот е до 300 тестови дневно по цена од 1.200 денари

Од следната недела ќе има пошироко мобилно тестирање на граѓани како превенција од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 998 оздравени од Ковид-19

Редакција

Граѓанските организации со остра осуда за пропустите во врска со бегството на Груевски

Редакција

Апасиев: Со право се отфрлени 1.500 приговори на Левица, оти си игравме „дрндупки“ за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото

Редакција