еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Затворањето граници не влијае многу за спречување на ширењето на корона вирусот

Затворањето на границите не придонесува многу во спречувањето на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Тие истакнаа дека мерките како што се тестирање на патниците пред поаѓање или мерење на температурата при пристигнување, генерално не се ефикасни.

Во извештајот Европскиот центар за превенција и контрола на болести проценува дека затворањето на границите имало многу негативни ефекти врз економијата и било ефикасно само кога станува збор за одложување на епидемијата на нејзиниот почеток и во изолирани региони.

– Достапните докази не ги поддржуваат препораките за затворање на границата, што ќе предизвика значителни несакани ефекти и социјални и економски нарушувања во ЕУ, што нормално функционира со отворени граници меѓу земјите членки, соопшти Европската здравствена агенција.

Извештајот, исто така, укажува на тоа дека епидемиолошките податоци може да не се сигурни, бидејќи европските земји не применуваат заеднички пристап за тестирање за Ковид 19 и известување за случаи, што го прави невозможно споредувањето на стапките на ширење на епидемијата.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести наведува дека принудувањето на луѓето да бидат тестирани пред патување може да има само ограничена вредност затоа што патникот може да се зарази непосредно пред поаѓање или за време на патувањето поради двонеделниот период на инкубација за тој вирус.

Што се однесува до проверката на температурата на патниците при пристигнувањето, ЕЦДЦ посочува дека патниците веќе можат да бидат заразени без да имаат температура.

Прашалниците пополнети од патниците за нивното здравје можат да понудат дополнителни корисни информации, но претставуваат ризик кога станува збор за заштита на податоците, според ЕЦДЦ.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести исто така потенцира дека сертификатите за имунитет издадени по тест за антитела не се сигурни.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го забрани лекот против маларија за лекување на Ковид-19

Тетовчанка ја сподели личната битка со корона вирусот: Се плашев повеќе за другите, отколку за себе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Владата ќе дели субвенции за набавка на печки на пелети, алуминиумски прозорци, сончеви колектори…

Редакција

Уште 306 работодавачи зеле пари од државата, а не им исплатиле плати на вработените

Редакција

Притисок врз Македонците во Бугарија, претседателот на ОМО Илинден, Кирјаков повикан во полиција

Редакција