еМагазин
Image default
Македонија

Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

Затворена е уште една текстилна конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб, на која присуствуваше и вицепремиерот и координатор на национално ниво, Бујар Османи.

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а конфекцијата која сега е затворена има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви. 

„Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните.

Градскиот пазар на 5 јуни делумно ќе биде отворен за работа, само со прехранбени производи,“ рече Бочварски.

Вицепремиерот Османи соопшти дека е е потребно да се постават т.н. ковид-координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките. Со тоа, смета Османи, значително ќе се заштитат и вработените, и компаниите. 

„Очигледно дека имаме рецидив на болеста. Имаме враќање на пикот на епидемијата којшто денеска се потврдува и на ниво на државата, и во Штип. Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени без разлика дали се работи за приватни или државни институции. Тоа се ковид координатори.

Бидејќи очигледно е дека оваа болест ќе трае и за да ги заштитиме вработените, но и компаниите од затворање, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија и државна институција назначи ковид координатор чија единствена работа ќе биде да внимана на почитување на протоколите,“ истакна Османи. 

Во Штип во изолација се ставени над 300 граѓани, а на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 16 пациенти со средна клиничка слика.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца вработени во градинки во Штип позитивни на корона вирусот

Официјално: Нови 101 заболени од корона вирусот, од кои најголем број 59 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скендер Реџепи се повлекува од координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците

Редакција

Избрани нови судии во Основен граѓански и Кривичен суд Скопје

Редакција

Убава вест: 848 оздравени од Ковид-19

Редакција