еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Завршени се ДНК анализите на загинатите во авионската несреќа на Солунска Глава

Завршени се ДНК анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

–  Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие, и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција, изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.

Претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИВНСИ Зоран Илиевски, вчера информира дека остатоците на авионот ќе бидат подигнати веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови, а дали ќе има потреба од вештачење на леталото, рече дека тоа ќе го покаже истрагата.

Формирана е Комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на КИВНСИ ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во истражниот тим за уривањето нa „цесната“ ќе се приклучат и давјца бугарски истражители.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телата на загинатите во авионската несреќа на Солунска Глава ќе се идентификуваат со ДНК-тест

МВР објави видео од авионската несреќа на Солунска глава

Сите детали: Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на авионот на Солунска Глава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Министерката Царовска со синот Давид на гроздобер во Барово

Редакција

Во сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Редакција

16 дена активизам за борба против семејното насилство, паралелно со Светското првенство во фудбал

Редакција