еМагазин
Image default
Македонија

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати

На полноќ заврши собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата.

Досега потребните 10.000 потписи ги собраа Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, со што засега се сигурни кандидати во претседателската трка.

За шестите претседателски избори потписи собираа и Филип Петровски, Димче Петровски, Јосив Мирчевски и Господин Попоски.

Се очекува Државната изборна комисија, по пребројувањето на потписите, да излезе со соопштение за бројката на кандидати кои го исполниле условот.

Собирањето потписи започна на 23 февруари.

Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ципрас официјално ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година, во вторник

Редакција

Нови 908 случаи на Ковид-19 од 3.616 тестирања

Редакција

(Видео) И во кафана се славеше отварањето на бугарскиот клуб во Охрид

Редакција