еМагазин
Image default
Македонија

Завршни зборови на одбраната за за случувањата во Собранието на 27. април 2017 година

Со завршни зборови на одбраната денеска во Криивчниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Обвинителката Вилма Рускоска, во завршни зборови, рече дека на судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со 10 години затвор, а друг за истото е амнестиран и дека за судот треба само да влијаат фактите што ги видовме во судницата.

– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.

Завршни зборови треба да дадат Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Постапката е раздвоена за обвинетите Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои се обвинети за помагање на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Загрозениот сведок рече дека Никола Груевски бил организаторот на упадот во Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Редакција

Аријан Ибраим именуван за повереник за надлежностите на градоначалникот на Центар Жупа

Редакција

Лица кои наводно се членови на фолклорна група од Косово го поставиле албанското знаме на тврдината во Охрид

Редакција