еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зборот Македонија во Уставот ќе биде спомнат само еднаш, Северна Македонија 287 пати

Мнозинство од 81 пратеници вчера во македонското Собрание гласаа “за” за четирите уставни амандмани со кои меѓудругото се менува името на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа, односно неговата ретификација во грчкиот Парламент.

Седницата, се одржа без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и немаше ниту еден глас против или воздржан.

Зборот Македонија во Уставот се спомнува 288 пати

Зборот Македонија во македонскиот Устав се спомнува вкупно 288 пати.

Промената на името на државата е предвидено со амандманот 33, во кој стои: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“.

Зборот Македонија останува единствено во член 36 од Уставот.

Што пишува во член 36?

„Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон“, пишува во членот 36 од Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Твитер за „Северна Македонија“: Дали Груевски може да се врати, пошто државата која го гонеше веќе не постои?

Имаме „нов“ сосед, Република Северна Македонија: Што пишуваат регионалните медиуми за промената на името

Детална листа: Кои пратеници изгласаа промена на името на државата во Северна Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче апелираше да не се создаваат гужви во маркетите, за да се спречи ширење на корона вирусот

Редакција

(Фото) Скопје сепак ќе добие „автобуско метро“

Редакција

Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет останаа без плата за јануари

Редакција