еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здравствениот систем нема да се соочи со недостиг на струја и парно, уверува Сали

Здравството ќе функционира како што функционира и во изминативе 30 години и нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија, изјави министерот за здравство, Беким Сали.

Во одговор на новинарско прашање на денешното примопредавање на донација од Исламик Релиф на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, министерот Сали информираше дека пред две недели е пуштен допис до сите јавни здравствени установи да се погрижат за минималната заштеда на електрична енергија.

– Доколку успееме да заштедиме до пет проценти, не во виталниот дел, туку во деловите што се поддршка, како на пример ноќно осветлување на објектите, парковите, ќе оствариме минимална заштеда во целосниот систем, изјави министерот.

Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ изјави дека очекува да добијат доволно средства од Фондот за здравство и очекува помош од сите институции.

– Се чувствувам обврзано да преговарам со Фондот за здравство, за да можеме да добиеме дополнителни средства. На помош треба да излезат сите институции, затоа што се работи за пациенти, за нивниот живот.

Клиниката е во долгови, сметките за струја се општи со сите интерни клиники, така што не ја знаеме точната сума за нашата клиника, бидејќи се делат процентуално заедничките трошоци, додаде д-р Докиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

428 казни за неносење маска

Редакција

Jанева им се заканила на обвинителите: Ако пропаднам ќе ве повлечам со мене!

Редакција