еМагазин
Image default
Македонија

Здравствените власти ќе постапуваат по укажувањето на Пановски дека антибиотиците се употребуваат неконтролирано

Да не се пијат антибиотици неконтролирано. Има сосема доволна количина лекови за третман на пациенти со Ковид-19. Ова не е болест за која има еден специфичен лек, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека огромен број клинички студии се прават и се уште нема еден лек за третман на болеста.

– Станува збор за комбинација на лекови. За секоја од комбинациите е потребно да се погоди тајмингот и индикацијата врз основа на анализите. Од клиничката слика, од манифестацијата и од анализите на крв на белите дробови итн. зависи каква терапија ќе биде препишана на пациентот, како на примарно ниво, така и во болнички установи, рече Филипче.

Тој рече дека им укажал професорот Никола Пановски од Институтот за микробиологија на случај во кој се препишани поголем број антибиотици и им испратил документи кои ќе ги испитаат.

– Сакаме да видиме дали за тоа имало индикации и Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја направи таа анализа. Станува збор за случај од околината на Струга.

Денеска го замолив професорот да направи консултација со нашите експерти од Клиниката за пулмологија во врска со препишувањето на антибиотиците. Верувам дека некои од овие прашања ќе се расчистат, нагласи Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски со апел до здравствените власти: „Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид-19, волку лекови одеднаш ни здрав атлета нe би издржал“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресечен меѓународен канал за трговија со луѓе, 48 лица вратени во Тајван заедно со доказниот материјал

Редакција

Пендаровски: Нема зголемување на бројот на мигранти на јужната граница

Редакција

Армијата стави на располагање воено-санитетски возила за побрз транспорт на пациентите од Ковид

Редакција