еМагазин
Image default
Македонија

Здружение на јавни обвинители повикаа на брза истрага, кој поставил експлозивната направа во куќата на обвинителката во Кичево

Здружението на јавните обвинители, во врска со вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево, изразува енергична осуда.

„Овој чин освен загрозување на личната сигурност на јавниот обвинител и членовите на неговото семејство, претставува сериозна закана и атак врз целата институција и принципот на владеење на правото во нашата држава.

Ваквиот чин, не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција  и примена на принципот на легалитет на гонење на сторителите на кривични дела.

Осудувајки го овој акт на насилство, изразуваме силна поддршка на нашата колешка да истрае во бормата против криминалитетот. Истовреме ги повикуваме надлежните органи во чија надлежност е оперативата за откривање на сторителите на кривични дела, да преземат соодветни мерки за брзо откривањето на сторителот на овој насилнички акт,“ се вели во соопштението на ЗЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарено возило на јавен обвинител, а пред еден месец гумите му биле исечени со нож

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Костадин Костадинов, новиот портпарол на СДСМ

Редакција

Детален преглед: Какви промени носи имплементацијата на законот за употреба на јазиците?

Редакција

Македонските власти не им дозволија на бугарски граѓани да му одадат почит на Гоце Делчев, реагираат од бугарското МНР

Редакција