еМагазин
Image default
Бизнис

Здружението на вработени во сектор игри на среќа бара инцидентот во казиното „Вегас“ соодветно да биде разрешен

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ на семејствата на настраданите во вооружениот грабеж во казиното „Вегас“ во Блаце им изразува најдлабоко сочувство за нивната огромна загуба.

“Овој страшен инцидент мора да биде соодветно разрешен. Изразуваме јавна поддршка и ги охрабруваме сите надлежни институции во најкус можен рок да ги најдат разбојниците и да ги изведат пред лицето на правдата.

Само експресна реакција на полицијата и правосудните органи ќе ги спречи и обесхрабри сите нови обиди за вооружени грабежи на објектите каде се организираат игри на среќа, како синоќешниот во кладилница во Ченто, каде за среќа нема жртви и сериозно повредени.

Најостро ја осудуваме реакцијата на движењето „Антикоцкање“ од Тетово, кое дрско го злоупотреби овој немил настан, без да ја почитува тагата на семејствата на настраданите, за да се обиде да ја врти водата на своја воденица и дополнително ги аргументира своите крајно нелогични и погрешни барања и уцени за законски измени на регулативата за игри на среќа.

Имено, за волја на вистината, казиното каде се случи двократното убиство е лоцирано токму како што бара „Антикоцкање“, надвор од урбана средина, на магистрален пат, на десетици километри од центарот на Скопје.

Впрочем, очигледно е дека на разбојниците им е многу полесно со тешко вооружување како автоматски пушки да извршат напад во изолирани објекти како овој, кој повеќе пати е цел на разбојнички напади, отколку да ги напаѓаат објектите во урбаните средини.

Кога би биле бесчувствителни како нив, сега би рекле дека ова двократно убиство е најдобар доказ дека предлогот на „Антикоцкање“ за дислоцирање на сите објекти каде се организираат игри на среќа на 3 км од населените места, е целосно погрешен и ќе стимулира беззаконие и криминал.

Огорчени сме што ДУИ и „Антикоцкање“ воопшто не водат сметка за 7.700 вработени во овој сектор, преку чии плати се ранат 24.000 нивни сограѓани и индиректно се поддржуваат 54.000 работни места.

Вакви страшни инциденти во кои се губат човечки животи треба да ги замислат и да ги натераат да ги преиспитаат нивните целосно погрешни барања, кои не се практикуваат во ЕУ, каде Република Северна Македонија тежнее да се интегрира„, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од убиените при грабежот во казиното „Вегас“ е македонскиот борач Нуиши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот Свислајон Таково ќе произведува кечап и мајонез во Македонија

Редакција

Тендер „тежок“ 11,2 милиони евра: Министерството за здравство склучи договори за набавка на вакцини со четири компании

Редакција

Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото

Редакција