еМагазин
Image default
Македонија

Зекири: Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ ги отфрли наводите на претседателот на Парламентот, Талат Џафери дека кој било пратеник од нивната пратеничка група имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјаноски и го повика Џафери да и одговори на јавноста зошто ја прекина седницата и не дозволи гласање.

-Категорично ги отфрлам твредањата на претсeдателот на Собранието, Талат Џафери, дека јас сум бил причината што тој не усепа до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневнот ред. Воопшто немало ситуација што наликува на потреба од прекинување на седницата. Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници што биле далеку потензични од синоќешната.

Во ниту еден момент немаше навреди упатени кон него. Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на судот за одземање на имунитетот на пратеникот Џафери не може да ја префрла на други. Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на судот непречено да ги продолжи своите процеси. Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Вељаноски да не се соочи со правдата, рече Зекири.

Тој додаде дека претседателот на Собранието, Џафери, должи одговор на јавноста дали се манипулирало синоќа или не, а не вели, како што направи на неговата прес-конгеренција.

На прашањето дали ова ќе ја загрози коалицијата Зекири рече дека за тоа ќе одлучуваат органите на партијата. Посочи дека денеска немало услови да работи Собранието, но оти тоа не значи дека нема да работи во наредните денови.

Независниот пратеник Павле Боегоески на заедничката прес – конференција во однос на обвинувањата на Артан Груби од ДУИ дека тој се договорил со ВМРО-ДПМНЕ и точката ја ставил на гласање порано од договореното, рече дека тоа е обид на Груби да ја префрли одговорноста врз матичната собраниска Комисија и врз него за синоќешното фијаско со пленарната седница и ја оцени како проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која синожената седница ја нанела врз нивната партија.

-Кога се гласаше на Комисијата јас во три наврати се обидов да ја добијам колешката Мирсаде Емини Хасани и и пратив СМС порака. Таа требаше да биде замената за нејзиниот колега Агим Шакири, кому претходно му се слошило.

Два пати ми го спушти телефонот, а третиот обид најверојатно по грешка крена и 12 секунди ми молчеше на слушалката пред да ја прекине врската. Оттогаш јас престанав да ја барам.

Во моментот на почнување на последното продолжување на комисиската седница, јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту, пак, дека возило е испратено по неа. Единствена работа полоша од тоа Комисијата да нема став е Комисијата да нема кворум и врз основа на тоа да не може да гласа.

Доколку чекавме со гласањето се што требаше да направат ВМРО -ДПМНЕ е во моментот на гласањето да излезат од салата, и ако колешката Хасани не беше присутна во салата, ние немаше да имаме кворум, да гласаме и да поднесеме извештај во предвидените рокови до претседателот на Собранието, рече Богоевски.

Единствена одговорност за вчешното прекинување на седницата е кај Талат Џафери и ДУИ, вели Богоевски, а имајќи ги предвид вчерашните случувања укажуваат на смислено сценарио да се саботира работаат на Комисијата, а потоа и на пленарната седница, со единствена цел да зе заштити Трајко Вељаноски од правдата.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Зекири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Џафери: Собраниската седница прекината поради дофрлањата на пратеникот Мухамед Зекири

Заев револтиран од односот на Џафери: Процедурите треба да бидат исти за сите пратеници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче се предомисли, нема промена на полот на сметка на Фондот за здравство

Редакција

Јанушев негативен на корона вирусот

Редакција

МОСТ: Гласањето тече мирно, забележани две изолирани неправилности

Никола Осило