еМагазин
Image default
Локално

Земјоделците од Гази Баба и Илинден заинтересирани за мерките од ИПАРД 2 Програмата

Денеска, во склоп на едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информираа земјоделците и други заинтересирани во општина Илинден и општина Гази Баба за процедурите за конкурирање за мерките од ИПАРД 2 Програмата.

Целта на овие инфо денови е да се поттикне интересот, да се запознаат заинтересираните со постапката за аплицирање и за бенефитите од искористеноста на ИПАРД Програмата 2014 – 2020.

Овие две општини се значајни за искористеноста на ИПАРД 2014 – 2020 имајќи го во предвид тоа што во Илинден 70% од земјиштето е земјоделски обработливо, а во Гази Баба 65%.

Експертите од Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните ги образложија  2 –те  мерки од Програмата, и тоа Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ наменета за примарното земјоделско производство и Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Претставниците од Секторот за одобрување на проекти од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа деталната постапка пред АФПЗРР за користење на средства од ИПАРД 2014 – 2020 Програмата.

Мерка 1 за примарно земјоделско производство им овозможува на  земјоделските стопанства широк спектар на инвестиции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати. Вкупната финансиска поддршка за овој јавен повик е близу 12 милиони евра. Крајниот рок за поднесување на барањата е продолжен до 09 февруари 2019 година, но постои опција за продолжување на овој рок.

Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, е особено важна за зголемување на инвестиции во преработувачката индустрија за различни земјоделски производи и за инвестиции во опрема. Рокот за поднесување понуди за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари.

ИПАРД 2 Програмата овозможува покривање на половина од вредноста на инвестицијата преку кофинансирање. Од средствата кои ќе бидат кофинансирани, 75 отсто ќе бидат обезбедени од ИПАРД Програмата, а 25 отсто од средствата од Буџетот на Република Македонија.

Едукативната кампања за ИПАРД 2 Програмата продолжува и во следниот период. Кампањата ќе трае  18 месеци и во чии рамки ќе се одржат 3 форуми, 6 работилници и 80 инфо денови.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на ИПАРД Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа ipardpa.gov.mk, ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сообраќајот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, се одвива по една лента, наизменично

Редакција

Жена пријавила дека сопругот ја киднапирал и физички ја нападнал

Редакција

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

Редакција