еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силниот земјотрес во Албанија, во Македонија почувствуван со интензитет од пет степени

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрира серија на земјотреси, чии епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч, на растојание 170 километри југозападно од Скопје, информираат од таму.

„Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 03:54 часот со локална Рихтерова магнитуда од 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 6 лица, тлото продолжува да се тресе

Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме

(ВИДЕО) Потресни снимки од земјотресот во Албанија, неофицијално има и жртви

Земјотреси во Албанија го стресоа Балканот, силно почуствувани и во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сакајќи да заработат на коронавирусот купиле 17.700 шишиња антисептик за раце

Редакција

Од утре лекување и бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора

Редакција

До сабота сончево со повисоки темеператури, в недела и понеделник попладне дожд, грмежи и ветер

Редакција