еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2018 година изнесува 56.948, а бројот на ноќевањата изнесува 126.373.

Бројот на туристите во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 12%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.2%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 16%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 11.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.3%.

Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2%, а кај странските има зголемување за 12.3%.

Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.7%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1%, а кај странските има зголемување за 15.3%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата даде дозвола за работа на бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“

Редакција

Од Државниот пазарен инспекторат апелираат на внимание при онлјан купување

Редакција

АЕК вработува 11 службеници, плата до 80 илјади денари

Редакција