еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Зголемени трошоци на живот за овошје, цигари и масло, намалени за горива

Трошоците на животот во март годинава се зголемени за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените мало, пак, се намалени за истиот процент – 0,2.

На годишно ниво, односно во споредба со март 2019 година трошоците на животот бележат пораст од 0,5  отсто, а цените на мало пораснале за 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2 отсто, цигарите за 4,1, маслото и маснотиите за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9, јајцата за 0,8, месото и млекото за 0,7, лебот и житата, сирењето и урдата, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,4, жестоките пијалаци и виното за 0,3 и прехранбените производи неспомнати на друго место за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај другите апарати и производи за лична хигиена за 1,3 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,9, материјалите за одржување и поправките на живеалиштето, моторните возила за 0,8, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5, мебелот и покуќнината, фармацевтските производи за 0,4, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,3, другите медицински производи, домашните миленици и сродни производи за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот има кај рибата и морските плодови, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,2  отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,8, телефонската и телефакс опремата за 2,9, гасот за домаќинствата за 2,8, воздухопловниот патнички транспорт за 1,8, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,8, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6, информатичката опрема за 0,2, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на туристи намален за 71,8 отсто, а на ноќевањата за 71,3 проценти

Редакција

Трошоците на живот пораснале за 2,1 отсто

Редакција

Бројот на работници во индустријата намален за 4,6 проценти

Редакција