еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемување на штедните влогови и кредитите на граѓаните

Во декември, вкупните депозити на домаќинствата бележат месечно зголемување од 4,2% во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари (78,8%), при благо зголемување и кај останатите видови депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Годишниот депозитен раст за 2018 година изнесува 9,5% и во поголем дел произлегува одзголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на раст, иако поумерен, и на долгорочните депозити во денари и во странска валута.

Вкупните кредити на домаќинствата во декември забележаа нагорна промена на месечна и годишна основа од 0,3% и 10,3%, соодветно. Анализирано од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во странска валута имаат поголемо учество во месечниот раст (70,8%), додека годишниот раст главно произлегува од зголемувањето на кредитите одобрени во денари (66,5%).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Раст на депозитите и кредитите на корпоративниот сектор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гугл“ заштеди милијарда долари поради работењето од дома

Редакција

Лани невработеноста 15,7%

Редакција

„Скопски пазар“ лани оствари добивка од 24,5 милиони денари

Редакција