еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Жан Митрев: Не се сомневам во истражната постапка само барам ова психичко малтретирање да заврши

Доктор Жан Митрев против кого Основното јавно обвинителство (ОЈО) води истражната постапка за сторена измама, по денешниот брифинг со новинарите одржан во просториите на клиниката со која тој раководи, изјави дека верува во истражната постапка и се надева оти процесот ќе се води на транспарентен начин.

Митрев рече дека документите за секој одделен пациент се на располагање за сите институции и медиуми, додавајќи, според него, дека инфрмациите кои се излезени во јавноста се невистини.

-Јас не се сомневам во постапката јас само барам ова психичко малтретирање да заврши, бидејќи постојано се појавуваат невистини кои влијаат на мене како човек и на целата институциија, тука се вработени околу 400 луѓе врвни професионалци, врвни луѓе кои го ризикуваа својот живот во короната, порача Митрев.

Според него, хемофилтрацијата се користела како медицинска шанса повеќе за да преживеат пациентите.

-Хемофилтрацијата е живототретирачка постапка и е еден од сегментите на лекување на тешко болните пациенти, кај некои е живото спасувачка и доколку не се направи пациентот со сигурност ќе умре, наведува тој.

Додаде дека обвиненијата се одразиле врз работата на клиниката.

-Зборовите како експеримент и убиец зададоа голем удар врз секојдневнто работење, бидејќи влијае врз пациентите врз нивната збунетот, нивната одлука да дојдат да се оперираат, не е така едноставно замислете да треба да се одлучите да дојдете да ви прават операција на срце, а некој ви вели, а таму прават експеримент, каков е тој збор, ова го споредувам со атомска боимба на некој да му наштетите, зад секој пациент стоиме, достапни се сите документации, но како ние да се одбраниме од терминологиите како експерименти, убијци.

Сто отсто ни опадна работата, јас веќе имам подигнато кредит за да ја задржам состојбата на функционирање на оваа клиника, не заслужуваме такви тешки зборови, изјави Митрев.

На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата доктор Жан Митрев е осомничен за измама на пациенти, откако по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули годинава, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година.

На 12 август, судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО во врска со случајот со доктор Жан Митрев и донесе одлука за определување мерка за претпазливост за одземање на неговата патна исправа заради опасност од бегство. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО предупредува дека е можно коронавирусот никогаш да не исчезне

Редакција

(ВИДЕО) Која меша подобро: Шакира и Џенифер Лопез направија спектакал на Супербол

Редакција

Повеќе од 3.000 матуранти биле фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

Редакција