еМагазин
Image default
Македонија

Железната ограда околу Владата ќе се тргне, ама бетонските столбови ќе останат

За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните. За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните.

Бетонските столбови во моментот нема да се отстрануваат бидејќи, како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу, а Владата нема намера да троши дополнителни пари за да ги исправи грешките на минатата власт.

– Владата го исполнува ветеното. Го промовираме концептот на отворена влада. Зградата на Владата и просторот околу неа се во владение на граѓаните на Република Македонија, рече Бошњаковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер ја „подбра“ Владата: „Од кована ограда, најдобри железни опинци се прават“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левицата поднесе кривична против Христијан Пендиков за повреда на угледот на Македонија

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти, суспектни и болни од Ковид-19

Редакција

Мицкоски потврди дека бил на „Боемска“: Згрешив, но гревовите и неспособноста на власта се многу поголеми

Редакција