еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Железничкиот сообраќај во прекин поради бојкот на машиновозачите

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

– Сообраќајот се уште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим, изјави денеска за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија – Транспорт.

Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до Управниот одбор на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

МИА/Фото: Македонски желзници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија забранува користење мобилни за учениците и наставниците за време на настава

Редакција

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција

Туристичкиот сектор бара бесплатни Ковид тестови за странските државјани и ажурирани информации за правилата на патување

Редакција