еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Жешкиот костен“ сега кај Ципрас: Ќе го ратификува ли Грција договорот од Преспа?

Македонското Собрание со 80 гласа „за“ вчера даде зелено светло на владиниот предлог за промена на Уставот, со што согласно Договорот од Преспа е отворен патот за промена на името на земјава во Северна Македонија.

Со тоа нашата држава почна да ги исполнува одредбите од договорот што не значи дека работата е завршена, бидејќи сега „жешкиот костен“ се прфрла на грчка страна, односно кај премиерот Алексис Ципрас кој треба да обезбеди мнозинство гласови во грчкиот парламент за да се ратификува договорот.

Иако до пред некој ден Ципрас тврдеше дека има обезбедено мнозинство потребно за ратификација на договорот по ненадејната оставка на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и таму се комплицира политичката состојба.

Имено, грчките медиуми наголемо пишуваат за разгорување на кризата и извесна можност за распад на грчката Влада за што решение најверојатно ќе се бара во избори.

Сега останува да се види дали Ципрас ќе успее да обезбеди мнозинство потребно за ратификација на договорот, како и дали премиерот Зоран Заев ќе го почитува барањето на пратениците од опозицијата кои гласаа за уставните измени, а кои тоа го условија со ратификација во грчкиот парламент.

Осумте пратеници меѓу другото побараа уставните измени да се повлечат доколку Грција не го ратификува договорот и доколку продолжи да ги спречува евроатлнатските интеграции на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Ќе повлече ли нога: Коѕијас не е член на Сириза, туку на Прато, кое има тројца пратеници

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загребската берза купи 5,3% од Македонската берза по цена од 1.000 евра по акција

Редакција

Убивање и труење на бездомните кучиња НЕ е решението

Редакција

Затворот „Идризово“ вработува седум лица, плата до 15.718 денари

Редакција