еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Жешкиот костен“ во рацете на пратениците: Каква е постапката за промена на Уставот?

Се погласни се најавите дека Владата обезбедила мнозинство од 82 пратеници и дека затоа решила до Собранието да достави предлог за промена на Уставот на Република Македонија, а со цел прифаќање на договорот со Грција и зачленување на земјава во ЕУ и НАТО.

Процедурата за промена на Уставот е дефинирана во деловникот на Собранието:

ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. Предлог за пристапување кон измена на Уставот Член 193 Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија (Уставот) можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.

Член 194

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот содржи конкретни насоки за изменување и дополнување на Уставот и образложение за причините поради кои се предлага изменување и дополнување на Уставот.

Член 195

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, претседателот на Собранието го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката и до Владата, кога тие не се подносители на предлогот.

Член 196

(1) По предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седницата на Собранието се води претрес во целина кој може да трае најмногу десет работни дена. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но не повеќе од 30 минути вкупно.*

(2) Претресот по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата за уставни прашања може да трае најмногу десет работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но не повеќе од 30 минути вкупно.

(3) Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

(4) По донесувањето на одлука за пристапување кон измена на Уставот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот.

2. Нацрт на амандмани на Уставот

Член 197

Текстот на нацртот на амандманите на Уставот со образложение, предлагачот го доставува до претседателот на Собранието кој го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката и до Владата, кога не се предлагачи, најдоцна 30 дена пред одржувањето на седницата на Собранието.

(1) пред неговото дополнување со Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2013) : „По предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седницата на Собранието се води претрес во целина.“

Членот 196 е дополнет со ставот

(2) со Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2013). 59

Член 198

(1) Претресот во Собранието се води по текстот на нацртот на секој амандман одделно и може да се дадат мислења и предлози. Претресот може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.*

(2) Претресот во Комисијата за уставни прашања и во Законодавноправната комисија може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Член на Комисијата за уставни прашања и на Законодвно-правната комисија и пратеник во текот на претресот може да говорат повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

(3) Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно.

(4) Нацртот на амандманите Собранието го става на јавна дискусија.

(5) Собранието определува рок за спроведување на јавната дискусија, начинот на објавувањето на нацртот на амандманите и рок во кој предлагачот како носител на јавната дискусија до Собранието поднесува извештај за резултатите од јавната дискусија и текст на предлогот на амандманите на Уставот.

3. Предлог на амандмани на Уставот

Член 199

Текстот на предлогот на амандманите на Уставот со образложението и извештајот за резултатите од јавната дискусија, предлагачот го доставува до претседателот на Собранието кој го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката и до Владата, најдоцна 30 дена пред одржувањето на седницата на Собранието

Член 200

(1) На текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата кога не е предлагач, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

(2) По исклучок амандмани на текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот може да поднесе до заклучување на претресот само заради усогласување на текстот на предлогот на амандманите кои се измениле поради усвојување на некој амандман.

Член 200-а*

Комисијата за уставни прашања и Законодавно-правната комисија по текстот на предлогот на секој амандман на Уставот водат општ претрес и претрес по текстот, кој може да трае најмногу три работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и на Законодавно-правната комисија и пратеник во текот на општиот претрес и во претресот по текстот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но не повеќе од 30 минути вкупно.

Член 201

(1) По текстот на предлогот на секој амандман на Уставот се води општ претрес и претрес по текстот кој може да трае најмногу три работни дена. Пратеник во текот на општиот претрес и во претресот по текстот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

(2) Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на текстот на предлогот на амандманите на Уставот, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

(3) Пратеникот во текот на претресот по амандман на текстот на предлогот на амандман на Уставот може да говори само еднаш во траење од 10 минути. Координатор на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група во претрес по амандман може да говори само еднаш во траење од 15 минути. Претставникот на предлагачот може да говори само еднаш во траење од 5 минути.

(4) Само подносителот на амандманот на текстот на предлогот на амандманот на Уставот може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути, а доколку подносители на амандман се двајца 61 или повеќе пратеници само еден од подносителите може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути.

(5) Амандманите што ги поднел предлагачот и амандманите со кои тој се согласил се сметаат за составен дел на текстот на предлогот на амандманот на Уставот.

(6) Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници го утврдува предлогот на секој амандман одделно.

4. Донесување и прогласување на амандманите на Уставот

Член 202

(1) Амандманите за измена на Уставот се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

(2) Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локалната самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање на која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, Собранието донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Член 203

Собранието донесува одлука за прогласување на амандманите на Уставот со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

5. Постапка за донесување на уставен закон за спроведување на Уставот

Член 204

(1) Право да предлага донесување на уставен закон за спроведување на Уставот има претседателот на Републиката, Владата и најмалку 30 пратеници.

(2) Одредбите на овој деловник што се однесуваат на поднесување и претресување на закон во второ читање соодветно се применуваат и во постапката за донесување на уставен закон.

(3) Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

(4) Собранието донесува одлука за прогласување на уставниот закон со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обезбедени гласови на 82 пратеници од потребните 80 за уставни измени?

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

(Видео) Владата го започна процесот на промена на Уставот: Има четири суштински измени

Џафери: Предлогот за измена на Уставот пристигна во Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oдложeно гласањето за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Редакција

Бројот на заразени со коронавирусот во Грција порасна на 45 лица

Редакција

ЕСМ ќе набави 16,8 гигават часови електрична енергија за периодот од 7 до 13 ноември

Редакција