еМагазин
Image default
Македонија

Живеела сама: Убиената жена во Велгошти ја пронашле соседите со видливи траги на насилство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид по извршениот увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на жена, издаде наредба за обдукција на починатото лице.

Јавното обвинителство соопшти дека се уште се трага по сторителот.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.

Медиумите објавија дека таа е мајка на две малолетни деца и била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев се закани со тужба за австрискиот амбасадор и амбасадата

Редакција

Оштетен споменикот на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа, осуда од МНР и градоначалникот на Охрид

Редакција

29 од новопочинатите од Ковид-19 со претходни заболувања, 1 лице починало надвор од болница

Редакција