еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Животот е прекрасен“ гостува во Народно позориштe, Белград

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, а во режија на Александар Морфов, на 8 декември 2019 година ќе гостува на сцената на Народното позориште, Белград, Р. Србија. Гостувањето се реализира во рамките на билатералната соработка помеѓу двете театарски куќи.

Премиерата на претставата се одржа на 10 април 2016 г. на големата сцена во Македонскиот народен театар. Оттогаш, покрај изведбите на репертоарот на матичната сцена, „Животот е прекрасен“ патува и надвор од границите на државата.

Во 2017 година гостуваше во Хрватското народно казалиште, потоа на 41. Денови на сатира во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух, Загреб, Р Хрватска, како и на театарскиот фестивал МИТЕМ во Р Унгарија во 2017 година.

Според режисерот: „Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено. Слоевита смешно-тажна и многу раскошна постановка, која ги поставува најважните прашања на секоја епоха, имено: До кога ќе ни се потребни човечки жртви, за да се чувствуваме живи.“

Актерската екипа во претставата ја сочинуваат: Никола Ристановски, Николина Кујача, Звездана Ангеловска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Благој Веселинов, Александар Ѓорѓиевски, Александар Михајловски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска и оркестарот „Раскрши се“.

На визуелниот дел на претставата работеа уметници меѓу кои: Никола Тороманов – сценограф, Марија Пупучевска – костимограф и Инга Красовска – кореограф.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе се одржи од 19 до 26 август

Редакција

Штипјанецот Хаџи Јанев добитник на една од најголемите воени награди од вооружените сили на САД

Редакција

„Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски, премиерно во Народниот театар „Јордан Х.К. – Џинот“ Велес

Редакција