еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Златна арена“ за режија на Теона Стругар Митевска

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Петочленото жири едногласно и ја додели оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот “.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува. Петрунија продолжува во месец јули со својот фестивалски живот, присутна на девет фестивали низ целиот свет.

По Пула, Петрунија го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв љубовен базар во Веро центар со специјални попусти и изненадувања

Редакција

(Фото) За именденот на синот Михаил семејството Здравески донирале вода и овошје во прилепската болница, одлична идеја за идните слави

Редакција

Корона кризата лани го зголеми бројот на домашни туристи во Маврово за шест, а во Берово за 29 проценти

Редакција