еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Злосторства како на филм: МВР откри морничави детали за серискиот убиец од Добрејци

Секторот за внатрешни работи Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против М.В. (54) од село Добрејци, поради постоење основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело убиство, извршено од користољубие на подмолен начин врз А. М. (62) од Струмица, информира портпаролката на струмичката полиција, Хризантема Рендевска.

На 13 октомври лани од страна на роднини на убиениот А.М. било пријавено дека му се губи трагата, по што полицијата во координација со јавен обвинител презела низа оперативно-тактички мерки и активности.

„Утврдено е дека на 9 октомври покојниот А.М. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале и заедно отишле во адвокатска канцеларија  во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу А.М. како продавач и пријавениот како купувач, за цена од 18.200 евра.

Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.

Истиот ден пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во село Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво и го потопил во водите на брана „Турија“ на местото Рајанци“, рече портпаролката Рендевска.

Телото на застреланиот струмичанец било пронајдено по речиси 11 месеци, на 5 август годинава, и по извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А. М.

„При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан. Се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана „Турија“ во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело убиство“, истакна портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Инаку, по наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов човечки труп пронајден во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Жител на Добрејци осомничен за убиството на Струмичанец: Телото му го сокрил во метално буре кое го потопил во браната „Турија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство отвори истрага за багеристот кој усмрти жена на пешачки во Скопје

Редакција

Твитер бара да се прогласи епидемија на непотизам: „Добро утро ВладаМК, чиј син, сват, ќерка, жена ќе вработите денес?“

Редакција

(Фото) Дебар како на филм: Поради превенција од корона вирусот дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Редакција