еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Злоупотребите на визната либерализација повторно на маса пред министрите на ЕУ

Финското претседателство до министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ достави извештај во кој ги набројува проблемите што произлегуваат од визната либерализација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот доаѓа откако неколку земји членки на ЕУ доставија поплаки за злоупотреби на слободниот визен режим од страна на граѓани на трети земји, се вели извештајот.

– Либерализацијата на визниот режим со Грузија, Албанија и Украина и нејзината злоупотреба се посебно загрижувачки за некои земји членки. Бројот на очигледно неоправданите барања азил се чини, во бројни случаи, дека се поднесуваат опортунистички откако е либерализиран визниот режим, се наведува во извештајот на финското претседателство.

Документот ги идентификува граѓаните од Грузија, Албанија и Украина како најпроблематични, „а во одредена мерка и граѓани од Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Ерменија се наоѓаат меѓу неоправданите барања за азил, некогаш во голем број, според податоците на земјите членки“.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го посочи проблемот со барањата за азил од Албанија во Франција како една од причините за блокадата на почетокот на преговорите со оваа земја.

Франција се соочува и со т.н. медицински туризам од Грузија, откако оваа земја беше ослободена од визниот режим. Албанија ја посочуваат и холандските власти како проблематична, посебно поради „врските со организираниот криминал“, прашање кое е покренато и во извештајот на финското претседателство.

Овој извештај е поднесен на 17 октомври, односно истиот ден кога се одржуваше Европскиот Совет каде беа блокирани преговорите со Северна Македонија и Албанија од страна на Франција, Холандија и Данска.

Земјите членки на ЕУ сега имаат задача да ги идентификуваат попрецизно злоупотребите на визниот режим и да ги зајакнат информативните кампањи во третите земји од каде што доаѓаат лажните азиланти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деновиве студени утра и локален дожд, од сабота пораст на дневната температура

Редакција

Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно, вели Тренчевска за барањето на пензионерите

Редакција

(Фото) Од птичји грип угинале над 500 пеликани во грчкиот дел на Преспанско Езеро

Редакција