еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ со реакција за рекламите на Владата платени со пари од СДСМ

Здружението на новинарите на Македонија реагира на рекламирањето во приватните медиуми за работата на Владата во последните две години нарачани и платени со пари на политички партии.

Во последните неколку дена во медиумите се забележуваат видео спотови со кои се врши промоција на проекти кои се реализирани од страна на Владата, a рекламите се плаќаат од партиската сметка на СДСМ.

„Според законските прописи на политичките партии дозволено им е да промовираат свои кампањи во приватните медиуми, но во време на предизборна политичка кампања. Иако не постои експлицитна забрана за рекламирање надвор од овој период, со оваа негативна пракса може да се влијае на уредувачката политика и на начинот на известување на дел од медиумите.

Во услови кога политичките партии своето финансирање го обезбедуваат и од државниот буџет на Република Северна Македонија тие треба да бидат уште поодговорни при трошење на парите во приватните медиуми. Освен ова, проблематична е и целта на политичките партии кои се дел од власта, да трошат јавни средства со кои се промовираат одредени владини политики и проекти.

Оваа пракса со која СДСМ ги промовира проектите на Владата кои биле спроведени во текот на изминатите две години претставува ризичен чекор кој може да има негативни последици врз и така кревката слобода на медиумите и слободата на изразувањето во земјата, што ќе значи повторно назадување на светските индекси за слобода на медиумите“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм“ продолжува со сведоци на одбраната

Редакција

Во велешката болница за 24 часа починаа двајца пациенти од Ковид-19

Редакција

Судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански организации смеат да се бават со новинарство, порачаа новинарите на протест

Редакција