еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ за предлог-планот на Владата за борба против лажните вести: Одредени точки загрижуваат

ЗНМ со внимателност ги следи чекорите на Владата во однос на промовирањето на Предлог- планот против ширење на дезинформации и првичната оценка содржи точки поради кои изразуваме загриженост, информираат од таму.

„Од исклучителна важност, а со цел исклучување на сомнежи за злоупотреба на обврската на Владата да ја гарантира слободата на изразување е процесот на консултации за овие теми да биде максимално инклузивен и транспарентен од самиот почеток.

Освен тоа, Владата треба да знае дека дефинирање на професионални стандарди и оценка за тоа дали некој новинар или медиум е етичен, може да го прави исклучиво новинарскиот еснаф и јавноста, а не владина институција или било каква работна група во рамки на Владата“, велат од ЗНМ.

Околу содржината на предлог-планот, ЗНМ го охрабрува потегот на Владата да направи напор за одбранбен механизам внатре во институциите преку креирање на протоколи и обуки за државните службеници.

„Сметаме дека е битно извршната власт да биде транспарентна и точна во начинот на пренесување на информациите кон јавноста како превентивен механизам за погрешно толкување од страна на медиумите.

Од друга страна, со загриженост ги проследивме дел од проактивните мерки и тоа особено оние кои имплицираат на платени кампањи во приватните медиуми, најавата за корегулација, воведување на критериуми за акредитирање на медиуми кои ќе имаат право да ги следат владините настани во согласност со стандардите на новинарската професија како и формирање на акциска група за борба на дезинформации со проблематичен состав и улога.

Недореченоста на овие предлог мерки може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување а со тоа да се нанесе штета во и така кревкиот медиумски сектор во нашата земја“, додаваат од ЗНМ.

Од таму додаваат дека „битката против дезинформации е сложен процес не само во Македонија туку и општо во светот“.

„Европската комисија веќе има план за превенција кој е добар основ за планирање на активности и во нашата земја но од исклучителна важност е локалниот контекст и затоа е нужно новинарите и медиумите да имаат силна улога во креирањето на овие стратегии и да бидат однапред вклучени во процесот“, се вели во соопштението на ЗНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Што пишува во акцискиот план на Владата за борба против лажните вести?

Заев ќе се бори против лажните вести на Заев

Ивор Мицковски: Како прв чин на соочување со лажните вести, партиите да се откажат од предизборните ветувања

„Плата од 500 евра…фејкњуз ли е“?: Твитер „поцрвене“ по најавата на Владата за одлучна борба против лажните вести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И пописот во Бугарија покажа дека таму живеат Македонци

Редакција

Заев во одбрана на Тамара: Ненамерна грешка и пропуст, химната се пее секој ден, насекаде

Редакција

САД забрани увоз на руска нафта и гас

Редакција