еМагазин
Image default
Локално

Зоолошка се разубавува: Пристигнуваат морска лавица и Коко со уште три шимпанза

Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите зоо негуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот, вели директорот на Зоолошката градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Во финална фаза е и новиот дом на шипанзото Коко, које во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија. Во мај и јуни треба да пристигнат и многу други животни.

– Сакаме оваа година да влеземе во Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми. Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме, изјави Галетановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потрага по полицаец од Делчево, исчезнал пред два дена кога отишол на риболов

Редакција

Гореше „ленд ровер“ во сопственост на ЕСМ

Редакција

Им ги краделе автомобилите пред очи: Четири лица преку измама се стекнале со имотна корист од над 5 милиони денари

Редакција