еМагазин
Image default
Македонија

Зоран Милески – Кичеец беше на распит во Обвинителството, утре на ред Катица Јанева

Второосмничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, кој се наоѓа во притвор во затвор Скопје во Шуто оризари, денеска беше донесен на расприт во Обвинителството за организиран криминал, потврдуваат од Јавното обвинителство.

Кичеец и Бојан Јовановски, се засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ и се наоѓаат во притвор во затворот. Обвинителството двајцата ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Денеска во ЈО за случајот „Рекет“ е сослушана и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Утре во ЈО за случајот „Рекет“ е повикана на распит и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која заедно со обвинителката Лиле Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Му нуделе милост на Кичеец за да ме вмешаат во „Рекет“

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец

Видеото со Боки 13, Кичеец и Камчев руши рекорди, има над половина милион прегледи

Сведок или соучесник: Каков ќе биде статусот на Катица Јанева во „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ болниците

Редакција

Обвинителството отвори истрага за барокната фасада на Владата

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: На Криволак, Македонија ќе произведува своја вакцина против Ковид-19

Редакција