еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто албанско знаме во училиште во Струга?

Од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Општински комитет – Струга објавија фотографија на големо знаме на Република Албанија, поставено вчера во холот на СОУ „Нико Нестор” – Струга.

“Слични случувања, вмешување на ученици и деца во политички и партиски интереси има и во други училишта и градинки низ општината.

Жално и срамно е да се уништува детството и од најрана возраст да се создаваат меѓуетнички тензии и раздор кај најмладите на национална и верска основа“, велат од Општински комитет – Струга и додаваат:

„Би сакале да го запрашаме директорот Миле Попоски со која цел, па и со каков образ донел ваква срамна одлука, притоа не запазувајќи и грубо кршејќи го Законот за употреба на знамињата, со кој сите сме свесни дека треба да биде поставено и македонското знаме покрај албанското, но се разбира никако во тие размери и димензии.

Иако, ќе повториме, дека не се празнува државен празник на Република Македонија, туку празник на друга држава. Ова претставува разнебитување и раскол на образовниот процес и уништување на фундаменталната функција на образованието, па затоа бараме одговорност за оваа непромислена постапка на директорот.

И за крај, господа од актуелната владина коалиција, на овој начин ли ќе градиме соживот во Струга?“.

Знамето е поставено во рамките на одбележување на Денот на албанското знаме, кој не е државен празник во Македонија.

Фото: Фејсбук/Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Општински комитет – Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранко Црвенковски: Преспанскиот договор не е добар, тој со Бугарија ја отвори Пандорината кутија

Редакција

Што содржи договорот за патот кон нормализација на односите на Белград и Приштина

Редакција

Кривична за Спасовски од синдикатот

Редакција