еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зошто ќе се затвори „Македонско село“: Економска неисплатливост или македонска работа

„Македонска работа“, неспособна управа или економска неисплатливост, многумина се прашуваат кои се причините за затворање на комплексот „Македонско село“.

И додека се чека на официјалното објаснување за причините за затворање на комплексот и што понатаму со концесијата, за која поранешниот градоначалник и бизнисмен Владимир Тодоровиќ треба да плаќа кирија од 3.500 евра следните 20 години, граѓаните негодуваат дека се затвора ова убаво место.

Дел од вработените го обвинуваат сегашното раководство и управа на комплексот, кое за разлика од претходното не знаело да си ја врши работата.

Алекс Милосављевиќ кој бил вработен таму вели дека се функционирало во полн сјај и како што треба кога раководител бил, како што вели, угледен и почитуваниот директор со иницијали П.К.

„Европски и светски човек кој знаеше на работниците да им даде волја за работа, ги наградуваше, а и нормално ако згрешиш казнуваше, но ретко. Човек кој го водеше комплексот, и до денес, уште три пати по толку ќе работеше во полн сјај.

Јас како стар работник, кој 3,5 години бев таму, знаев како беше. Знаеше да го сослуша секој работник поединечно, секој месец имавме колективен состанок со предлози, карактеристики, сугестии како да продолжиме понатаму.

Но, на некои некои луѓе им сметал како директор, а лично тој ги направил да бидат како што треба,  културни. Дојдоа други кои врска немаат од менаџирање. Ќе отворам како админ страница, група, убавини и демек го водам комплексот преку компјутер. Оваа слика, онаа слика, добредојдовте. Но треба да знаеш како да го водиш.

Со цени до бесвест, бедна плата во државава и сакаш да имаш клиенти. Се додека не се врати старата екипа со старата управа и почитуваниот директор, горенаведениот од тој комплекс, нема ништо верувајте“, напиша Милосављевиќ на фејсбук-страницата на „Македонско село“, како коментар за затворањето на комплексот.

Голем број на граѓани реагираа на затворањето на комплексот „Македонско село“, кој беше промовиран и како туристичка дестинација. За таа цел, ЈСП имаше воведено и бесплатни линии за време на викенди за поголема посетеност.

„Со сила убавина не бидува, од почеток беше пропаднат проект и само се чекаше време кога ќе дојде до таков момент. Економски е неисплатлив, приватна фирма на може да опстане, а државни пари многу лесно се трошат.  Сепак штета за таков објект така да заврши“, коментира Мики Симоновиќ.

Други пак чинот го оценуваат како „македонска работа“ и дека „услугата и квалитетот не биле на ниво, а цените биле до „плафон“. Но, има и такви кои се задоволни од храната и услугата, а им се допаѓала атмосферата и музиката.

Комплексот пак беше автентично место за странците, кои беа воодушевени од местото.

„Само државата е оштетена, затоа никој не се потруди да заживее комплексот… Јас последниот пат кога бевме, во продавницата за ракотворби еден млад продавач само што не не истепа, буквално не избрка , наводно имал работа, а ние бевме со странци кои баш сакаа да купат некои сувенири за подарок. Се засрамив пред луѓето, и тогаш знаев дека вака нема да тераат долго“, вели Тања Докузова.

Има најави дека комплексот со работа ќе продолжи на пролет.

Фото: Фејсбук/Македонско село

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора комплексот „Македонско село“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата спречила грабеж на марихуана од фабрика во Струмичко, уапсени три лица

Редакција

(Фото) Виталиа отвори продавница во Мароко

Редакција

На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах

Редакција