еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?

Односите помеѓу двете земји членки на НАТО, Грција и Турција кои константно се затегнати, се пред нова ескалација, поради Кипар, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Причината е што Турција истражува природен гас во источниот Медитеран, што според кипарските Грци ја нарушува ексклузивната економска зона.

Проблемот доправа треба да ескалира, бидејќи Турција не се откажува од своите намери и покрај притисокот од САД и ЕУ, па неделава на спорната локација ќе испрати уште еден брод.

Таму еден брод веќе наводно прави истражувањата, а според најавите на турското Министерство за енергетика, вториот брод кој според најавите во истиот регион ќе биде испратен неделава, со истражување ќе почне на почетокот на јули.

Од Кипар на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на кој главна точка беше дали и кога ќе се почнат преговори со Македонија и Албанија, се заканија дека ќе стават вето на секоја одлука за проширување, доколку од ЕУ не го заостри својот однос кон Турција.

Ципрас и Мицотакис бараат санкции за Турција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради најновите случувања по вонредниот состанок на Советот за надворешни работи и одбрана им порача на грчките граѓани дека се целосно безбедни.

Доколку се потврди дека Турција направила дупчења за природен гас во оваа област, тој рече дека ЕУ треба да усвои санкции за Турција.

„Турската провокација и кршење на меѓународното право од страна на Турција не е покажување сила, туку слабост. Грција има силна позиција, но и надградена улога на меѓународно ниво по „големиот и смел историски чекор за решавање на долгогодишниот спор со северниот сосед““, изјави Ципрас.

Во видео обраќање до нацијата се обрати и лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, кој повика на национално обединување. И тој побара санкции за Турција.

Сега е време за дијалог, а не за провокации, порачува САД

Преку амбасадорот во Грција, Џефри Пајат, порака испратија и Американците.

Пајат изјави дека сега е време за дијалог, а не за понатамошни ескалирачки, провокативни постапки, додавајќи дека заеднички интерес и за САД и за ЕУ е да се избегне било каква понатамошна провокација од Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Може ли до октомври и Грција да стане проблем за старт на преговори со ЕУ?

Хан: За жал малцинство земји-членки не прифатија отворање на преговори со Северна Македонија

Кипар станува нов проблем за датум за старт на преговори со Македонија и Албанија?

Фото: Reuters/ekathimerini.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Епидемијата на Ковид-19 во Македонија постепно се ближи кон крајот, на пат е да премине во ендемија

Редакција

Студија: Вакцинирани бремени жени ги пренесуваат антителата на новороденчињата

Редакција

Пратениците пред избори ги сменија границите на две изборни единици

Редакција