еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Од бројните неофицијални и официјални информации кои деновиве ги објавуваат регионалните и европските медиуми за бегалецот Никола Груевски, интересен момент е зошто на поранешниот македонски премиер, кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта.

Логично е да се постави прашањето зошто албанските власти го пуштиле да излезе од земјата и да влезе во соседна Црна Гора, кога не бил регистриран на влез.

Според процедурата би требало да биде вратен или во најмала рака распрашуван зошто е тоа така.

И самата албанска полиција потврди дека тој најверојатно влегол нелегално, пеш, а излегол со лична карта со дипломатско возило на Амбасадата на Унгарија во Тирана.

Дали можеби во прилог на Груевски му оди тоа што излегол со дипломатско возило, за што од унгарските власти нема потврда или имал помагачи и во Албанија, останува мистерија.

Унгарските власти соопштија дека нема да споделуваат никакви информации, додека трае процедурата за азилот кој го бара Груевски во Унгарија.

Онаа за што нема дилема никој, тоа што во тој период немаше распишано меѓународна потерница и те како му одело во корист на Груевски.

Вчера пак албанските медиуми неофицијално објавија дека Груевски излегол од Македонија на див граничен премин кај Дебар, при што според весникот „Дита“ имал асистенција од луѓе од доверба, како и од тајните служби во Албанија.

Според „Дита“, Груевски со сигурни негови луѓе влегол на албанска територија.

„Дита“ наведува дека самиот факт што Груевски немал проблеми на излезот од Албанија на преминот Хани и Хотит, и покрај тоа што влегол нелегално во земјата, а излегол со лична карта, доволно говори дека минувањето преку Албанија е реализирано со влијателни и сигурни негови луѓе.

Дел од албанските медиуми пак известуваат дека можна замешаност во ова може да има и албанскиот претседател, Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Зошто Србија молчи за бегството на Груевски?

Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот

За сега единствен „виновен“ за бегството на Груевски е Орбан, наскоро ќе биде и Путин

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од вечерва на полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Редакција

Поскапо летување во Грција за невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19

Редакција

(Фото) Мукаетов ги пречека златните кадети од Рига, РФМ ќе ги награди со 700.000 илјади денари

Редакција